Пејачката за првпат проговорила за борбата со депресијата: “Беше неподносливо”

Кармин

13/11/2019

13:17

2.504

Големина на фонт

а а а

Колумбиската убавица и пејачка Шакира отворено проговорила за траумата низ која прошла по губењето на гласот.

Испробала хипноза, медитација, па дури и света вода од францускиот град Лурд за да се обиде да закрепне. Имено, Шакира во 2017 година доживеала крварење на десната гласна жица, поради што повеќе не можела да пее. Таа ситуација, според нејзините зборови била “неподнослива”. 

“Тоа беше мојот идентитет. Имаше периоди кога не можев ни да станам од кревет, бев премногу депресивна”, изјавила пејачката за списанието “People”.

Ваквата состојба влијела и на нејзиниот семеен живот со фудбалската ѕвезда на Барселона, Жерар Пике, 6-годишниот син Милан и 4-годишниот син Саша. Пејачката на хитот “Hips Don’t Lie” понекогаш комуницирала само со знаковен јазик, а поради сè морала да ја одложи и светската турнеја “El Dorado”. 

“Бев многу песимистична и лута на сите околу себе, а Жерар ја гледаше најлошата верзија од мене. Ми требаше операција или божја интервенција”, додала таа.

За среќа, тројната добитничка на Греми успеала да го врати својот пејачки глас без операција. Враќајки се на сцената во јуни 2018 година, таа рекла дека “доживеала верско искуство”.

Секоја вечер од нејзината турнеја за која е снимен и филм, била “вистински подарок”, заклучила славната ѕвезда.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk