Македонски бизнисмен планирал кражба на документација за производство на муниција во Србија: Објавена е снимка од неговото апсење!

Точка

13/11/2019

22:27

7.009

Големина на фонт

а а а

Во белградски хотел уапсени се Боривоје Глишовиќ, пензиониран инженер од „Први Партизан“ од Ужице и Шефќет Демировски, сопственик на македонската компанија „АТС Груп“.

Во акција на српските разузнавачи и специјални единици Глишовиќ и Демоировски се уапсени за време на нивниот состанок во белградски хотел каде што договарале примопредавање на доверлива документација за изработка на машина за производство на муниција од калибар од 12,7 милиметри.

Глишовиќ од македонскиот бизнисмен Демировски на претходниот состанок како аванс добил околу 30 илјади евра, додека преостанатиот дел веројатно од ист износ пензионираниот инженер требало да го добие по предавањето на целата документација.

Демировски документацијата за изработка на машината за муниција планирал да ја искористи во погоните на поранешната фабрика за оружје и муниција „Сувенир“ во Македонски Брод, како и во фабрика во Катар која делумно била во негова сопственост.

Покрај Глишовиќ и Демировски, српските специјалци уапсиле и уште две лица - Небојша Ивановиќ и Милован Миловиќ, активни инженери во „Први Партизан“, поради сомнение дека на Глишовиќ за пари му достанувале делови од документацијата за машината за муниција.

Акцијата била реализирана после сознанијата на Безбедносно-информативната агенција дека неколку работници и поранешен инженер од фабриката „Први Партизан“ за пари добиени од конкурентни компании од Македонија, Катар и Босна крадат и изнесуваат техничка документација.



Спонзорирани линкови

Маркетинг