“Мојот татко и јас бевме зависници, заедно се дрогиравме”

Кармин

07/11/2019

16:22

2.655

Големина на фонт

а а а

Актерката Џејми Ли Кертис во интервју за списанието “Variety” проговорила за својата борба со зависностите, а открила и дека некое време се дрогирала заедно со својот татко, актерот Тони Кертис.

“Знаев дека татко ми има проблеми, а имав и јас. Затоа ја делевме дрогата. Имаше периоди кога јас бев единственото дете кое сакаше да зборува со него. Имав шест браќа и сестри, а сега имам пет. Мојот брат Николас умре од предозирање со хероин кога имаше само 21 година”, раскажала актерката. 


Со нејзиниот татко, како што признала таа, го делела кокаинот.

“Тоа беше единствениот пат кога земав кокаин и тој еден пат беше со него. Татко ми едно време беше чист, му беа потребни три години за да се одвикне, но не траеше долго”, изјавила Џејми.

Тони починал во 2010 година од срцев удар, на возраст од 85 години, а Џејми цели 10 години се дрогирала со таблети против болки.


“Постојано земав опијати, ги крадев, лажев. Никој не знаеше. Никој”, признала таа.

Дури во февруари 1999 година, кога за првпат се пријавила во клиника за одвикнување, за тоа му признала на сопругот Кристофер Гест со кој е во брак 33 години.

“Одлучив да го прекинам тој циклус кој ги уништи животите на генерациите на моето семејство. Тоа што останав трезна беше моето најголемо животно достигнување, поголемо од тоа што пронајдов сопруг, имам две деца, поголемо од било кој деловен успех. Поголемо од сè”, вели Кертис која е трезна во последните 20 години, но и понатаму посетува состаноци за излечени зависници.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk