Која е девојката на “човекот молња“? - ја изневерил пред очите на целиот свет, а таа возвратила: “Смени живот со божица за една ноќ“

Супермен

07/11/2019

13:19

5.066

Големина на фонт

а а а

Усаин Болт со години го шокираше светот со својата брзина и леснотија со која победуваше на најважните светски трки. Спринтерот од Јамајка стана најбрзиот човек на светот кога ги сруши рекордите во трчање на 100 и 200 метри во 2009-та, а 11 пати беше светски првак.

Кога стана една од најпознатите личности на светот, јавноста почна да се занимава со неговиот приватен живот. Отсекогаш беше познат како “несмасен“, зборувал дека воопшто не внимава што јаде и најмногу сака брза храна и забави со многу жени. Потоа пред Олмписките игри во Рио 2016-та година објави дека е во двегодишна љубовна врска со девојката Каси Банер.

„Сега станавме сериозни, но одиме полека, чекор по чекор. Нема да ви кажам која е таа затоа што знам дека многу работи ќе се сменат за неа кога целиот свет ќе дознае и кажа дека засега не е подготвена за тоа“ - изјавил Болт.

Но, пред почетокот на игрите на Инстаграм објавил фотографија со Каси, а описот гласел - “претседателот и првата дама“.

Каси во истиот момент станала светски позната и многу луѓе ја заследиле на социјалните мрежи. Таа денес има 29 години, родена е во Јамајка, студирала право и економија, работи во агенција за маркетинг и со Усаин основала организација која ги подобрува условите во образованието и растењето на децата во нивната родна Јамајка.

Нивната врска поминала низ криза во 2016-та година кога по игрите во Рио се појавила фотографија од Болт на која се наоѓа во кревет со Џеди Дуарте, студентка од Бразил.

„Ме повика да појдам во неговата хотелска соба“ - изјавила за медиумите Дуарте.

View this post on Instagram

President And First Lady ??

A post shared by Usain St.Leo Bolt (@usainbolt) on

Каси веднаш реагирала на социјалните мрежи.

„Го смени животот со божица за само една ноќ со некоја која нема да биде ни блиску до тоа“ - напишала на Твитер.

Но потоа таа му простила, а тој сфатил дека токму Каси е жената на неговиот живот.

„Дефинитивно сакам семејство. Со години чекав затоа што сакам да бидам сигурен дека таа личност е вистинска за мене. Не сакам многу да зборувам за мојот љубовен живот“ - изјавил Болт.

Каси не дава интервјуа и воглавно се држи подалеку од медиумите, а додека Усаин бил активен спортист таа навивала за него и го придружувала на неговите патувања.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk