Сопругата на Голиот готвач со емотивна порака проговорила за спонтаниот абортус

Точка

17/10/2019

19:04

3.344

Големина на фонт

а а а

Познатиот телевизиски готвач Џејми Оливер и неговата сопруга Џулс се родители на пет деца, а тоа се Пупи Хони (17), Дејзи Бу (16), Петал Блузом (10), Буди Бер (8) и Ривер Рокет (2).

Џулс неодамна се присетила на моментите кога загубила две деца.

„Имав спонтан абортус во третиот месец од бременоста, поради што бев преплашена кога повторно ќе останам бремена. Повеќе не можам да уживам во раните фази на бременоста“, напишала сопругата на Голиот готвач.

Оваа недела е посветена на сите родители кои ги загубиле своите бебиња, па по тој повод Џулс на Инстаграм објавила фотографија со свеќа за нив во спомен.

„Ова е светлина за сите оние семејства кои биле на боло кој начин погодени со загуба на дете. Свеќата, како и секогаш, свети за детето на нашиот драг пријател Арчи, кој секогаш ќе го паметиме, и за сите пријатели кои загубиле дете. И за нас и нашите ангели“, напишала Џулс во емотивната објава. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг