Пенс и Помпео за малку залудно ќе патувале до Анкара! Ердоган прво рекол дека нема да ги прими, па се предомислил! Сите очекуваат да биде тензично

Точка

17/10/2019

16:19

2.962

Големина на фонт

а а а

Американскиот потпретседател и државниот секретар, Мајкл Пенс и Мајк Помпео, допатувале во Турција да ја убедат Анкара да ја сопре офанзивата против курдските борци на североистокот на Сирија, но за малку патот ќе бил залуден.

Двајцата дошле да му пренесат на претседателот на Турција, Речеп Тајип Ердоган дека Вашингтон ќе ги засили економските санкции ако продолжи со офанзивата против Курдите, но Ердоган најпрво за "Sky News" дека нема да ги прими и дека само со претседателот на САД ќе разговара за Сирија. 

Меѓутоа, со оглед на тоа дека Пенс и Помпео пристигнале во претседателската палата, Ердоган очигледно се премислил.

Претседателот на Турција претходно порачал дека ќе прифати прекин на огнот само во случај курдските сили да ги напуштат клучните позиции во Сирија.

Американските службеници признаваат дека се мали шансите да дојде до неодложно сопирање на офанзивата.

Трамп е критикуван затоа што ги предал курдските борци, кои биле главни партнери на Вашингтон во борбата против терористите од ИСИС, бидејќи наложил повлекување на американските сили од границата кога Турција започнала со офанзивата на 9-ти октомври.

Американскиот претседател, меѓутоа, ја бранел својата одлука, нарекувајќи ја "стратешки брилијантна".



Спонзорирани линкови

Маркетинг