Невидена драма на метро станица: Се онесвести и турна жена на шините, а во тие моменти „налета“ возот...

Точка

17/10/2019

15:05

2.497

Големина на фонт

а а а

Аргентинец се онесвести додека го чекаше возот, па при падот турна жена која што чекаше пред него. Малку фалеше сето тоа да заврши трагично.

Откако жената од силината на ударот падна на шините, таа ја загуби свеста и остана да лежи, а во меѓувреме пристигнуваше возот.

Благодарение на останатите луѓе кои панично му мафтаа на машиновозачот да го сопре возот, тие ѝ го спасија животот на жената. Откако возот успеа да сопре, неколкумина скокнаа на шините за да ја подигнат жената, а набрзо пристигна и полицијата и итна помош.



Спонзорирани линкови

Маркетинг