„Зошто сакате да живеете на најопасното место на светот“? - 300 жители го воодушевија светот со нивниот одговор

Точка

17/10/2019

14:52

3.678

Големина на фонт

а а а

Недалеку од најјужното крајбрежје на Италија се наоѓа малото место Стромболи на кое постојат само две села и вкупно 300 жители. Она по што островот е најпознат сепак е еден од најактивните вулкани на светот.

Повеќе од 90 години, островот од 12 километри квадратни во Тиренското море непрекинато е вуклански активен, а неговите специфични ерупции имаат дури и име “стромболиан“ како и сличните појави за да можат да се опишат во останатите делови од светот.  

На почетокот на 20-от век на островот живееле 4.000 луѓе, но по ерупцијата и цунамито од 1930-та година, поголемиот дел од жителите емигрирале во САД и Автралија.


Меѓутоа, најновиот документарец „Островот на огнот“ повторно го вратил Стромболи на мапата на истражување затоа што луѓето продолжиле да живеат таму.

Локалните жители кои навикнале на секојдневните звучни ефекти од ерупцијата кои ги викаат “iddu“ немаат проблем со тоа што живеат под еден од најактивните вулкани на светот.

„Ние овој вулкан го гледаме како личност и како пријател“ - вели 12-годишниот Федерико Д'Амброзио.


Денес Стромболи е еден од најпосетуваните вулкани на светот, а туристите дури одат и на тричасовен излет до самиот кратер на вулканот. За да ги потсети луѓето дека не е безопасен, тој ова лето еруптираше и уби еден планинар и предизвика евакуација на локалните жители.


А, знаете ли што е најинтересно?

Многумина од луѓето подоцна се вратиле дома.

„Заминав за повторно да се вратам“ - вели едно момче во документарецот додавајќи дека во “мистеријата е најголемата убавина на животот“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг