„Дамата на снимката не е проститутка, сè беше само опуштање“: Жереми Менез се обидува да го објасни видеото со кокаин на маса...

Супермен

17/10/2019

13:41

4.058

Големина на фонт

а а а

Популарниот француски фудбалер Жереми Менез, повторно се најде во епицентарот на скандалите, а еден ден по објавувањето на видеото во кое ужива во друштво на проститутка се огласи и тој самиот за да ја “оправда“ целата ситуација.

„Ова видео е снимено пред пет месеци на одмор во Мексико. Дрога никогаш не сум пробал, а тоа може да го докажат и допинг тестовите. Жената на видеото не е проститутка, немојте да измислувате приказни кои не се случиле, затоа што набрзо ќе докажам дека сето тоа беше опуштање“ - изјавил Менез и се обидел да се “извади“ од скандалот во кoј се нашол.

Некогаш суперталентиран, а сега пропаднат играч, прво ги демантирал изјавите од мексичпките медиуми дека на контроверзното видео и фотографии со проститутката и дрогата на маса е тој, а сега кога сето тоа се појави во пошироката јавност не му преостанува ништо друго освен да се објаснува.

##https://twitter.com/eduardoo0598/status/1181437271939133440##

Видеото докажува дека 32-годишниот фудбалер, користел услуги од проститутки покрај маса полна со кокаин.

Менез ги носеше дресовите на Рома, ПСЖ и Милан... Беше репрезентативец на Франција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk