ЕУ и Велика Британија постигнаа договор за Брегзит: Разводот ќе биде мирен, фер и избалансиран

Точка

17/10/2019

13:11

3.082

Големина на фонт

а а а

Борис Џонсон и Жан Клод Јункер потврдија дека денес во Брисел бил постигнат договор за Брегзит, односно за излегувањето на Велика Британија од Европската унија.

„Добивме одличен нов договор кој ја враќа контролата - сега парламентот треба да заврши со Брегзит во сабота за да можеме да преминеме на други приоритети како трошоците за живот, здравството, криминалот и нашето опкружување“, порача британскиот премиер Борис Џонсон.

„Таму каде што постои волја, таму има договор. Постигнавме договор. Тоа е фер и избалансиран договор за Европската унија и Велика Британија и тоа ја потврдува нашата посветеност во пронаоѓањето на решенија“, порача првиот човек на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.


Јункер и натаму жали поради резултатите од референдумот одржан во 2016-та година, но нагласи дека во интерес на Европската унија е „уредно и пријателско заминување на Велика Британија од Европската унија“.

Преговарачите постигнаа договор за ревидираниот Протокол за Ирска/Северна Ирска и за ревидираната политичка декларација на 17-ти октомври 2019-та година.

„Препорачувам Европскиот совет на својот следен состанок да го одобри ревидираниот Договор за повлекување и политичка декларација“, изјави Жан-Клод Јункер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг