Повеќе од 70 цивили убиени, а 300.000 раселени во операцијата на Турција во северна Сирија

Макфакс

16/10/2019

14:42

720

Големина на фонт

а а а

Повеќе од 70 цивили се убиени од почетокот на воената операција во северна Сирија од страна на Турција и сириските опозициски групи што ѝ се придружија на 9 октомври, објави телевизискиот канал „Ал Арабија“.

Според ТВ-каналот, околу 300.000 луѓе морале да ги напуштат своите куќи поради борбените операции. 

На 9 октомври Турција го прогласи почетокот на операцијата „Извор на мирот“ во северна Сирија и почна со нападите на воздушните сили врз курдските позиции. Целта на операцијата е да се создаде тампон-зона, која ќе стане заштитен појас по должината на турската граница. 

Според плановите на Анкара, сириските бегалци ќе може да се вратат таму од Турција. Сириската државна новинска агенција САНА ја нарече операцијата агресија, а глобалната заедница жестоко ги осуди акциите на Анкара.



Спонзорирани линкови

Маркетинг