Ердоган порача дека турската армија нема да сопре и жестоко го нападна германскиот министер

Точка

16/10/2019

13:49

2.054

Големина на фонт

а а а

Турската агресија на северот на Сирија ќе заврши кога курдските борци во регионот ќе го положат оружјето и ќе се повлечат од планираните „безбедни зони“, порача турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Ердоган предупреди дека нема сила која ќе ја сопре операцијата на Турција додека не ја исполни својата цел. Според турскиот претседател, најбрзо решение е екстремистите да го положат своето оружје и да се повлечат од областа.

Операцијата на турската армија ќе заврши кога ќе се воспостави „безбедната зона“, порача Ердоган и нагласи дека Турција не е отворена за преговори во врска со тоа.

Турскиот претседател категорично го отфрли барањето на Соединетите Американски Држави за неодложен прекин на огнот на северот на Сирија: „Никогаш нема да прогласиме прекин на огнот“.


Неколку дена после турската агресија на северот на Сирија, САД и западните сили го осудија тоа и побараа прекинување на огнот. Трамп се закани со санкции, а Франција, Германија и уште неколку западноевропски земји ја стопираа продажбата на оружје на Турција.

После ваквата одлука, Ердоган го нападна германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас, на кого му порача дека воопшто не се разбира од политика и дека со стопирањето на продажбата губи Германија, а не Турција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг