Се остваруваат ли црните предвидувања?: Жителите на овие 20 држави сè побрзо изумираат - и Македонија на листата!

Точка

14/10/2019

21:49

5.166

Големина на фонт

а а а

Иако се очекува бројот на жители во наредните децении да се зголеми на ниво на планета, бројни држави трпат сериозни демографски загуби поради нискиот природен раст и неповолните имиграциски текови, што доведува до стареење и опаѓање на популацијата.

Така, на пример, Јапонија се соочува со демографска временска бомба, бидејќи се поголем број на млади едноставно не сакаат деца. 

"Business Insider" направил листа од 20 земји чија популација најбрзо опаѓа. На таа листа има голем број на балкански држави. На прво место е Бугарија, која се бори да воведе образовни и економски мерки за да ги задржи младите да не се иселуваат, а на високото петто место се наоѓа Србија.

Листата од земји за кои се претпоставува дека во иднина забрзано ќе ги губат своите жители настанала според демографски проекции на ОН, кои се засноваат на проценките за смртност, бројот на родени и меѓународните миграции. Проценките се правени за периодот од 2020-та до 2050-та година.

20. Италија

Се очекува бројот на жители на Италија да опадне од 60,5 милиони во 2020-та, на 54,4 милиони до 2050-та, односно за 10 проценти.

19. Куба

Бројот на жители на Куба ќе опадне во следните 30 години од 11,3 милиони на 10,2 милиони жители, што е пад за 10,3 проценти.

18. Македонија

Проекциите на ОН покажуваат дека бројот на жители на Македонија ќе падне од 2,1 милион, колку што ќе има на почетокот на 2020-та, на 1,9 милиони жители до 2050-та година, што е пад за 10,9 проценти.

17. Португалија

Бројот на жители во Португалија ќе се намали од 10,2 милиони на 9,1 милион жители, што е пад од 10,9 проценти.

16. Грузија

Се очекува дека бројот на жители на Грузија во следните 30 години ќе се намали од 4 милиони на 3,5 милиони, што е пад од 11,8 проценти.

15. Полска

Бројот на жители на Полска ќе опадне од 37,8 милиони на 33,3 милиони жители, што е пад од високи 12 проценти.

14. Унгарија

Унгарци во 2020-та година ќе има 9,7 милиони, а во 2050-та година ќе има 8,5 жители на таа земја, што е пад од 12,3 проценти.

13. Естонија

Бројот на жители на Естонија ќе се намали од 1,3 милиони на 1,2 милиони жители, што е пад од 12,7 проценти.

12. Грција

Се очекува дека Грци за 30 години ќе има 13,4 проценти помалку. Во 2020-та ќе ги има 10,4 милиони, а 30 години подоцна ќе бидат 9 милиони.

11. Романија

Бројот на жители во Романија ќе опадне од 19,2 милиони на 16,3 милиони во наредните 30 години, што е пад од 15,5 проценти.

10. Албанија

Бројот на жители на Албанија ќе се намали од 2,9 милиони на 2,4 милиони жители, односно за 15,8 проценти.

9. Јапонија

Јапонци има 126,5 милиони, а во 2050-та година ќе има 105,8 милиони, што е пад од 16,3 проценти.

8. Молдавија

Според прогнозите на ОН, бројот на жители на Молдавија ќе падне од 4 на 3,4 милиони жители во наредните 30 години, што е пад од 16,7 проценти.

7. Хрватска

Бројот на жители на Хрватска ќе се намали од 4,1 милион на 3,4 милиони жители. Тоа е пад од 18 проценти.

6. Босна и Херцеговина

Се очекува бројот на жители на БиХ во периодот од 2020-2050 да опадне од 3,3 милиони на 2,7 милиони жители, што е пад од 18,2 проценти.

5. Србија

Бројот на жители на Србија ќе опадне од 8,7 милиони на 7,1 милион жители, што е алармантен пад од дури 18,9 проценти.

4. Украина

Украинци во наредните 30 години ќе има за дури 19,5 проценти помалку - од 43,7 милиони на 35,2 милиони жители.

3. Летонија

Бројот на жители на Летонија ќе падне од 1,9 милиони на 1,5 милиони жители, што е пад од 21,6 проценти.

2. Литванија

Бројот на жители на Литванија според проекциите за следните 30 години ќе падне од 2,7 милиони на 2,1 милион жители, што е пад од 22,1 процент.

1. Бугарија

Бугарија ќе изгуби дури 22,5 проценти од своите жители во наредните 30 години - од 6,9 милиони, на 5,4 милиони жители.



Спонзорирани линкови

Маркетинг