Некои ѝ пркосат на гравитацијата, а некои изгледаат како илузионистички трик: Ова се 7-те најчудни улици на светот

Точка

14/10/2019

18:12

3.507

Големина на фонт

а а а

Колку и да сте сигурни дека сте ги виделе сите “необични” решенија за проектирање на улици, во светот постојат и почудни начини за регулирање на сообраќајот.

Во продолжение, погледнете ги 7-те најчудни улици кои го привлекоа вниманието на целиот свет. 

Улица Стејт, Бристол, Вирџинија и Тенеси

Оваа улица наизглед делува обично, но сепак постои нешто чудно поврзано со неа. Линијата која ги раздвојува лентите една од друга всушност раздвојува и две американски држави. Бристол се наоѓа на границата помеѓу Вирџинија и Тенеси и претставува граница која во целост ја следи. Ваква слична улица се наоѓа и помеѓу Квебек во Канада и Дерби во Вермонт.

Ебенизер, Шкотска

Во светот постојат многу тесни улици, каде едвај можат да се разминат двајца, но постои ли некаде волку кратка улица? Улицата Ебенизер е долга само два метри и доколку помисливте дека тука всушност нема место за ништо, се лажете – на оваа улица постои адреса на која се наоѓа едно бистро кое е само дел од хотелот кој се наоѓа на другата улица.

Авенија “9-ти јули”, Аргентина

Оваа авенија е правена со децении, за во 1980 година да биде прогласена за најширока улица на светот. За туристите кои го посетуваат Буенос Аирес и сакаат да посетат знаменитости како Обелиск, Театар Колон или статуата на Дон Кихот, мора да прејдат преку три пешачки премини за да преминат само една улица, широка околу 140 метри.

Улица Болдвин, Нов Зеланд

Необичноста на оваа улица е во аголот од дури 35 отсто. Долж улицата се изградени куќи кои делуваат како да се криви во зависност од аголот на гледање. Тука асфалтот е заменет со бетон, за да се создаде поголем отпор на возилата.

Улица Ломбард, Сан Франциско

За улицата да не биде премногу стрмна и да се ублажи наклонот од 27 отсто, улицата Ломбард има осум кривини. Наклонот е намален за 16 отсто, а Ломбард е голема туристичка атрација и токму поради тоа се воведени такси за оние кои сакаат да се возат по оваа улица.

Маеклонг, Тајланд

Ова не е обична улица – по нејзината должина се наоѓаат многу продавници, а со самото тоа и многу пешаци. Понекогаш наидуваат и автомобили, но тие се прилично очекувани на улицата. Она што ја прави Маеклонг необична е тоа што низ улицата проаѓа и железница. Возовите секако имаат предност во однос на останатите учесници во сообраќајот, но истите и го загрозуваат бидејќи улицата не е премногу широка. Слична улица постои и во градот Ханој.

Магична вртелешка, Англија

“Магична вртелешка” е назив кој го користи локалното население, а вистинското име на улицата е Дроув. Таа се наоѓа во градот Свиндон, а во необичниот кружен тек се вклучуваат пет ленти. Интересно е тоа што околу центарот се вози во правец на сказалките од часовникот, а за оние кои сакаат да дојдат до најдалечниот излез, возат во обратен правец.



Спонзорирани линкови

Маркетинг