Британскиот "Iron Man" го доби своето прво вооружување

Точка

14/10/2019

16:59

1.919

Големина на фонт

а а а

Британскиот "Iron Man" го доби првиот сет на вооружување за млазното одело - во соработка со уште еден иноватор сакаше да докаже дека неговото одело има потенцијал и во воена примена.

Ричард Браунинг, британски иноватор и основач на компанијата Gravity.co го постави актуелниот Гинисов рекорд во брзина на лет со млазно одело - во 2017-та година оствари лет со брзина од 51,53 километри на час.

Браунинг сега сака да докаже дека неговата „платформа за летање“ би можела да има и други примени, односно да се употребува и во војската. Тој заедно со иноваторот Џејмс Бартон на млазното одело прикачи и автоматска пушка која може да пука за време на летот и со која се управува со поглед.

Токму Бартон го направи механизмот кој се вградува на оделото и на кој е монтирана автоматската пушка. Но, пушката сепак не е вистинска - поради безбедносни и законски причини, Бартон одлучи да користи "airsoft" реплика базирана на "AR-15" јуришната пушка.

На приложеното видео може да се види дека системот до некаде е функционален и дека Бартон, поради физичките ограничувања (главата на пилотот), движењето на пушката го има ограничено само на горе и доле.



Спонзорирани линкови

Маркетинг