Незаборавната италијанска легенда: После првата операција, побарав од мајка ми да ме убие!

Дерби

14/10/2019

14:20

1.632

Големина на фонт

а а а

Кога се зборува за фудбалски легенди од Италија, некаде на врвот на листата секогаш е името на Роберто Баџо, прославениот играч за врска кој во 80-тите и 90-тите години на минатиот век важеше за најталентираниот и најдобар играч за врска на Апенините.

Баџо постави толку многу рекорди во италијанскиот фудбал како член на националната селекција, а ништо полош не беше ниту на клупски план каде во своите најдобри денови, настапуваше за Фиорентина, Јувентус и Милан. Навраќајќи се на својата неверојатна кариера исполената со многу колективни и индивидуални награди, Баџо се потсети на своите почетоци, односно на првата тешка повреда која ја заработи во Винченца во 1985-та година.

Роберто открива дека повредата на коленото била многу тежок удар за него, бидејќи поради кинењето на предните вкрстени лигаменти и менискусот не можеше да игра повеќе од 500 дена и неговата кариера беше доведена сериозно во прашање уште на 18-годишна возраст.

– Повредите беа вистински шок за мене, вистински кошмар. Денот по мојата прва операција на коленото, побарав од мојата мајка да ме убие, – се потсетува Баџо во разговорот со „Газета дело Спорт“.

За негова среќа, но и за среќа на искрените фудбалски фанови, Баџо после речиси две години ги надмина проблемите со коленото, по што стана еден од најдобрите играчи во светот, а и еден од најдобрите играчи во историјата на италијанскиот фудбал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг