Оваа мајка покажала што му направиле хероинот и метамфетаминот на нејзиниот син по седум месеци

Кармин

14/10/2019

13:22

3.943

Големина на фонт

а а а

Една мајка на Фејсбук споделила фотографии од својот син на кои го прикажува влијанието на зависноста од дрога. Американката Џенифер Салфен, признала дека нејзиниот 26-годишен син Коди, момнтално е бездомник во Лас Вегас и го опишала како “облик на метамфетамин и хероин“.

Таа споделила две фотографии од Коди, направени во период од седум месеци за да ја подигне свеста за тоа колку брзо зависноста може да го уништи здравјето кај поединци.

„Моите пријатели и моето семејство знаат дека мојот највозрасен син Коди Бишоп пати од зависност. Но, многу ме прашуваат како работите се одвиваат па сметам дека треба да ги објавам овие фотографии. Научив дека многу луѓе и семејства се борат со истата таа болест, но не сакаат да разговараат за тоа. Тоа е реален проблем во светот и мора да се соединиме за да може да го решиме“ - напишала Џенифер која со својот син не се чула веќе неколку недели.

„Кога знаеш дека си го уништува своето здравје и живот, многу е тешко, но потешко е тоа што немаш никакви вести за него. Незнаењето е тоа што те тера навечер да не можеш да спиеш“ - додала таа.

На социјалните мрежи наишла на луѓе кои го поминале патот на зависност, но и рехабилитација.

„Ви благодарам на сите за љубовта и поддршката. Коди, доколку го видиш ова, јави ни се... Те сакаме“ - заклучила Џенифер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk