Неверојатна трансформација: Шест месеци по породувањето, Џесика со намалени 45 килограми

Кармин

10/10/2019

17:44

4.244

Големина на фонт

а а а

Џесика Симпсон пред само шест месеци на свет го донесе своето трето дете, а пред неколку денови на Инстаграм објави фотографија од својата неверојатна трансформација.

Открила дека со посебен начин на исхрана и тренинзи кои ги смислил тренерот само за неа, ослабнала дури 45 килограми.

За време на 9-от месец од третата бременост, Џесика имала дури 108 килограми, што било речиси двојно повеќе од нејзиниот стандард.

За работите да не излезат од контрола, Џесика му се обратила на фитнес тренерот Харлеј Пастернак, кој заедно со докторите креирал програма за вежбање и исхрана за актерката.

Овој фитнес инструктор во интервју за „El online“ рекол дека не е љубител на екстремни вежби и дека програмата за вежбање на Џесика била базирана на долги прошетки.

„Мораше да направи 14.000 чекори дневно“, открил тој.

View this post on Instagram

Tight squeeze but I’m pushin’ through

A post shared by Jessica Simpson (@jessicasimpson) on

Исхраната била базирана на 3 оброци дневно, кои се состоеле од месо и зеленчук, а за ужина јадела една шака бадеми или парче пармезан.

Покрај храната и тренинзите, Пастернак на Џесика ѝ вовел и еден час преку денот без паметен телефон, компјутер и технологија, бидејќи вели дека на тој начин организмот ќе има подобар сон. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk