Холандија даде зелено светло за Македонија, а црвено за Албанија - бара земјите да не одат во пакет за започнување преговори

Точка

09/10/2019

11:33

1.286

Големина на фонт

а а а

Холандскиот парламент вчера и даде црвено светло на Албанија, а безусловно зелено светло на Македонија за почеток на преговорите со ЕУ.

Ова вчера на својот профил на Твитер го објавил пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој во својот пост заклучил дека преговори во пакет со Македонија и Албанија не се опција за Холандија. 

Ова произлегло од вчерашната дебата во Комитетот за европски прашања на холандскиот Парламент. Шефот на дипломатијата Стеф Блок го повторил ставот на Владата дека почеток на преговори со Албанија во овој момент би било прерано. Холандија, сепак, нема да стави вето доколку останатите земји членки на ЕУ бидат за старт на преговорите.

Во делот за Македонија стои дека е направен охрабрувачки напредок и се поздравува Преспанскиот договор, како пример за решавање на други проблеми во регионот. Се наведува и дека се препорачува да продолжат предметите отворени од СЈО, и се поздравува нивното префрлување во ЈО.

Холандската влада ги поздравила и досега преземените чекори од Албанија, но не е задоволна од борбата со корупцијата и организираниот криминал.




Спонзорирани линкови

Маркетинг