Анџелина Џоли проговори за разводот со Бред: „Бев повредена“

Кармин

07/10/2019

18:11

4.362

Големина на фонт

а а а

Анџелина Џоли и Бред Пит беа еден од оние љубовни парови за кои сите знаеја, но и кои предизвикуваат интерес каде и да се појават.

Се запознале во 2004-та година на снимањето на заедничкиот филм „Г-дин и г-ѓа Смит“, а во брачните води запловиле десет години подоцна. Но, после само две години на нивната љубов ѝ дошло крај.

Разводот бил многу турбулентен, а прашањето за старателство над нивните шест деца често беше тема во медиумите. Сепак, поранешните сопружници наводно летово успеале да се договорат, па Бред добил прилика да ги помине празниците со нив. Славниот актер дотогаш децата ги гледал само под строг надзор од Анџелина.


Инаку, ова за неа е трет развод, а сега за сè проговорела во разговор за францускиот магазин „Madame Figaro“. Како што истакнала, поради љубовниот бродолом се изгубила самата себе.

„Беше комплицирано, не се препознавам себеси повеќе, а станувам сè помала, по неважна, иако тоа не го покажував“, признала таа.

Раскажала дека била “длабоко, вистински тажна и повредена“.

„Од друга страна, беше интересно чувството на безначајност“, се потсетила 44-годишната актерка.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk