Погледнете во вашите дланки - првиот симптом за карцином на белите дробови се појавува баш таму

Супермен

23/09/2019

16:15

5.252

Големина на фонт

а а а

Карциномот создава одредени хемикалии и ја менува работата на хормоните, па така врвовите на прстите се зголемуваат затоа што во нив се задржува повеќе крв отколку вообичаено.

Иако симптомите на ракот на белите дробови најчесто се појавуваат дури тогаш кога болеста е во понапредна фаза, некои од нив може да бидат аларм за да посетите доктор - кашлање, инфекција, искашлување крв, недостаток на воздух, болка во белите дробови, константен замор, губење апетит и нагло слабеење.

Меѓутоа, експертите велат дека еден сигурен знак се крие кај еден од десет заболени од рак на белите дробови, тоа е промената на прстите.


Врвовите на прстите и ноктите се зголемуваат и стануваат искривени, а таа деформација настанува во третата фаза.

Во првата фаза, основата на ноктите станува мека, а кожата на ноктите е посјајна, во втората фаза врвовите на ноктите стануваат чудно закривени додека пак третата фаза подразбира зголемување на краевите на прстите и можност значајно да се истакнат коските на зглобовите на прстите.

Ова се случува затоа што туморот создава одредени хемикалии и ја менува работата на хормоните, па врвовите на прстите се зголемуваат затоа што во нив се задржува повеќе крв од вообичаено. Овој симптом може да укажува и на други помалку опасни заболувања, па затоа доколку го забележите веднаш треба да посетите доктор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk