Повеќе не се кријат: Социјалните мрежи се преплавени со згодната девојка на синот на Ѓорѓе Иванов

Точка

23/09/2019

21:57

16.173

Големина на фонт

а а а

Љубовниот живот на Иван Иванов, синот на поранешниот претседател на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, деновиве е „топ тема“ од забавните рубрики на домашните медиуми.

И кога беше неговиот татко претседател на државата, Иван секогаш беше внимателен, особено со девојките, бидејќи него ретко можеше да го видите низ скопските кафулиња, ресторани или дискотеки.


Но, Македонија е мала земја и тука работите порано или подоцна се дознаваат.

Пред неколку дена во еден познат скопски ресторан Иван го прославил својот роденден со неговите најблиски пријатели, а помеѓу гостите била и неговата девојка.

Станува збор за одбојкарката Власта Ружиновска, која според пишувањето на „Слободен печат“ веќе подолг период е во романса со Иванов.

Власта Ружиновска е поранешна репрезентативка на македонската одбојкарска репрезентација, а настапуваше и во селекцијата во одбојка на плажа.


За Иван е познато дека студираше на Правниот факултет, отсек политички науки, но малкумина знаат дека и Власта е правник, иако е позната само како одбојкарка.

Своевремено таа се појавуваше во реклами, а исто така имаше и главна улога во спотот на Некст тајм, во „Ја излези Ѓурѓо“, каде ги покажа и своите вештини во јавање.

Пред неколку години Власта во интервју за „Точка“ зборуваше за тоа каков треба да биде нејзиниот партнер.

„Партнерот е мојот најголем пријател, слушател и поддршка, доколку ме сака и ме прифати онаква каква што сум и 'по пижами', а кога ја губам самодовербата, ме враќа на нозе и не се брои за превласт, туку верува во мене и кога самата јас ја губам вербата… Ете тој е вистинскиот“, рече Власта своевремено, која инаку не користи социјални медиуми и не преферира да открива детали од својата приватност.



Спонзорирани линкови

Маркетинг