Пет дестинации кои е најдобро да ги посетите наесен

Точка

20/09/2019

19:14

3.438

Големина на фонт

а а а

Секој град има свое годишно доба, а некои места нудат посебни активности само наесен.

Есенските патувања на големо се планираат и многу аранжмани се веќе распродадени, но постојат и такви кои сè уште не знаат ни која страна од светот би ја посетиле. За таа цел, “CNN Travel” предлага пет места кои се одлични за есенска посета. 

Минхен, Германија

Ова е најдобрата есенска дестинација веројатно секоја година поради познатиот Октоберфест кој започнува на 21-ви септември и трае до 6-ти октомври. Поради овој фестивал, во Минхен секоја година се собираат милиони љубители на пивото од сите делови на светот.


Туристите се забавуваат на улиците на Минхен облечени во народни носии, здолништа или панталони со трегери и сите се пријателски настроени и прават сè за да откријат каде се продаваат најдобрите колбаси и переци.

Британска Колумбија, Канада

Поголемиот дел од годината е многу тешко да се воочат гризли мечки во Северна Америка бидејќи се плашат да се појават пред луѓето. Во Британска Колумбија наесен се менува таа ситуација, кога величенствените “шумски ловци” се спуштаат на реката и ловат лососи додека се мрестат.


До средината на октомври, гризли мечките се хранат на реката и присуството на луѓе воопшто не им смета. Затоа, во ова доба од годината постои “Камп за мечки” каде можете одблизу да уживате во природата и конечно да им се воодушевувате на овие животни во нивното природно живеалиште.

Москва, Русија

Ширум светот, луѓето поминуваат часови гледајќи во боите кои природата ги приредува секоја есен. Нијансите на црвена, портокалова и златна боја на листовите во парковите привлекуваат голем број туристи во Москва. Многу некогашни аристократски имоти се претворени во јавни паркови, што пружа дополнително задоволство додека уживате во есенската прошетка.


Москва е град кој е прекрасен во секое годишно доба поради преубавата архитектура и разновидната културна содржина. Но, поради острата зима, есента е можеби и најдоброто време за посета на Русија. Еден од најдобрите начини да се видат сите убавини на овој град е преку крстарење по реката.

Индија

Во Индија, секоја есен се одржува фестивалот на светлоста наречен Дивали. Ова е најголемиот и најспектакуларен фестивал во оваа земја, а посетителите имаат прилика да видат милиони огномети, прослави и религиски обреди. Фестивалот се одликува со шаренило, добра атмосфера и многу игри.


Дивали е “најсветол” во Варанаси, најсветлиот град во Индија. Тука луѓето можат да видат многу чамци на реката Ганг додека над нив, небото го осветлуваат искри од огномет во најразлични бои. Фестивалот е проследен и со многу натпревари во кои луѓето прават најморничави статуи од демонот Наракасура, за подоцна да ги запалат и од нив да создадат светлина.

Мелбурн, Австралија

Мелбурн важи за еден од “најживите” градови на светот и тоа е причината поради која многу туристи го посетуваат во текот на целата година. Меѓутоа, еден посебен настан се одвива напролет (наша есен) кој е вреден за внимание на љубителите на коњи.

Мелбурнскиот куп е најпрестижната трка на коњи во Австралија. Тој се одржува кон почетокот на ноември, а луѓето по посетата на хиподром имаат богата градска содржина која ја надополнуваат со одмор.




Спонзорирани линкови

Маркетинг