Има фобија од храна и јаде само две намирници: Ејприл е преплашена кога гледа дека другите не бираат, а таа едвај се осудува на ова

Точка

20/09/2019

17:22

1.614

Големина на фонт

а а а

29-годишната Ејприл Грифитс е мајка на две деца која цел живот консумира само една работа.

Станува збор за сендвич со кашкавал, со малку чипс. Тоа е нејзиниот појадок, ручек и вечера уште од раното детство, а вели дека има фобија од сета останата храна. 


“Секој пат кога ќе се обидам да изедам нешто ново, добивам панични напади. Цело тело ми се тресе и страшно станувам нервозна. Се плашам од текстурата на било која друга храна и уверена сум дека ќе се угушам. Неколку пати се обидов да пробам малку ориз, тестенини и зеленчук и секој пат повраќав”, раскажува Ејприл.

Тоа, како што вели таа, дополнително ѝ го отежнува социјалниот живот бидејќи сите во нејзиното опкружување мора да знаат дека таа јаде само сендвич со кашкавал.

“Мојот сопруг на почетокот се обиде да ме наговори да пробам нешто ново, но тоа е просто невозможно. Мислам дека цел живот ќе јадам само сендвичи. Здодевно ми е тоа, но не можам да направам ништо во врска со фобијата”.


Меѓутоа, и сендвичот мора да исполни одредени стандарди, а тоа е пред сè кашкавалот да биде топол. Со него оди и чипс, но исклучиво со вкус на сирење и лук, а дневно консумира и три големи пакувања сок од портокал за да внесе витамини во организмот.

Ејприл вели дека пробала многу работи за да ја излекува својата фобија, но ништо од тоа не успеало. Најмногу се плаши дека ќе им ја пренесе својата навика на децата бидејќи тие уште сега бараат да “го јадат истото што и мама”. Затоа, нејзиниот сопруг и децата јадат во кујната, а Ејприл јаде сама во соба, со надеж дека така ќе спречи и нејзините деца да развијат нарушување во исхраната.



Спонзорирани линкови

Маркетинг