Започна „чистењето“ на Охрид: Се урива првата дивоградба

Точка

20/09/2019

22:12

6.020

Големина на фонт

а а а

Општина Охрид започна со уривањето на нелегално изградените објекти ширум градот.

На улицата „Марко Несторовски“ во месноста Горна Влашка Маала во Охрид денес започна уривањето на првата дивоградба за која претходно било издадено решение за уривање.

Пред објектот била поставена и жолта лента од страна на надлежниот инспекторат, меѓутоа лентата била скината, а потоа било продолжено да се гради нелегалниот објект. Според извори на „А1он“, изведувач на градбата на нелегалниот објект е компанијата „НЕФИ ИК“ во сопственост на функционерот во ДУИ и советник во Општина Охрид, Нефи Усеини.

Спорната куќа моментално се урива во присуство на полиција, а пред неколку дена на истата локација беа уапсени градежни работници кои што работеле иако јасно била истакната жолтата лента за забрана за градба.

Инаку, во Охрид има над 1076 дивоградби, од кои само во заштитеното подрачје има 409. Меѓу нив е и пицеријата „Луна“ на Усеини која што како дивоградба е изградена веднаш спроти познатиот „Чинар“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг