Драматично спасување во последен момент: Сакаше да се самоубие, но тогаш пристигна овој херој

Точка

19/09/2019

12:14

1.850

Големина на фонт

а а а

„И двајцата се вистински локални херои, не само поради ова спасување, туку и затоа што секојдневно го ризикуваат својот живот поради безбедноста на другите“.

Полицаец стана локален херој откако спаси дечко кој сакал да скокне од мост и да си го одземе животот. Тој во последен момент успеа да го фати за нога и да му го спаси животот.

Камерата на униформата го сними полицаецот Брајан Рег како скока преку оградата на мостот во Тенеси, кога дечкото тргна да скокне. Полицаецот покажа врвни рефлекси, го фати дечкото за ногата и го повлече назад со што го спаси неговиот живот.

Од канцеларијата на шерифот во округот Нокс објавија снимка и му се заблагодарија на полицаецот.

„Шерифот Том Спанглер сака да го пофали нашиот сообраќаен полицаец Брајан Рег за неговиот херојски подвиг и спасувањето на животот на дечкото од мостот на патот Плезент Риџ во април оваа година. Тој и колегата Крис МекКартер го зграпчија, а поради нивната вештина и брзина, дечкото е денес жив. И двајцата се вистински локални херои, не само поради ова спасување, туку и затоа што секојдневно го ризикуваат својот живот поради безбедноста на другите“, соопштија од канцеларијата на шерифот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг