Просечниот износ за мито во соседството е 74 евра, а ова се професиите во кои има најмногу корупција

Точка

19/09/2019

11:50

2.217

Големина на фонт

а а а

Според мислењето на испитаниците, најкорумпираните работници во здравството се докторите, додека пак на второто место се полицајците.

Просечен износ на мито кои граѓаните на Србија го давале во текот на минатата година изнесувал 74 евра, а како најкорумпирани професии во Србија се полицајците и докторите, а веднаш зад нив се службениците од држвната администрација и цариниците, се наведува во извештаите кои се направени во состав на проектот „Превенција и борба против корупција“ кој го финансира ЕУ.

Истражувањето кое било спроведено минатата година покажало дека 71 отсто од граѓаните сметаат дека политичките партии се корумпирани, а 63 отсто од нив имаат ист таков став за вработените во институциите како што е судот.


„Граѓаните генерално ја осудуваат корупцијата во здравството и дури 70 отсто се согласуваат со тврдењето дека митото и корупцијата се рак односно лузна на нашето здравство. Речиси две третини од граѓаните, 63 отсто сметаат дека пијалакот, кафето или бонбониерата кои се детал по докторите или медицинските сестри не се сметаат за мито“ - се наведува во извештаите.


Кога станува збор за образованието, секој трет испитаник смета дека професорите на факултетите и во училиштата се корумпирани, додека пак 29 отсто од анкетираните луѓе веруваат дека меѓу вработените во Министерството за образование има многу корупција.  

Бројот на граѓаните кои индиректно имале искуство со корупција е 20 отсто.

Кога станува збор за директно искуство со корупција, тогаш процентот е 11 отсто од вкупниот број испитаници.




Спонзорирани линкови

Маркетинг