Гвардиола откри кои играчи ќе ги испроба како стопери: Отаменди и Фернандињо се премногу стари за да играат на секој натпревар

Дерби

19/09/2019

11:29

833

Големина на фонт

а а а

Англискиот шампион Манчестер Сити има недостаток на централни дефанзивци по повредите на Џон Стоунс и Емерик Лапорт, односно сега тренерот Пеп Гвардиола има на располагање само еден играч на таа позиција Николас Отаменди.

Поради тоа Шпанецот мораше да направи одредени ротации, па на пресметката со Шахтјор Доњецк партнер на Отаменди беше искусниот бразиски интернационалец Фернандињо. Гвардиола е задоволен од тоа како Фернадињо си ја одработи задачата, но воедно најави овој двоец не може постојано да биде на теренот поради возраста, односно обелодени кои играчи во иднина најверојатно ќе играат како стопери.

- Не се сомневав дека Фернадињо може тоа да го направи. Нико има 31 година, Фернандињо има 34 години, а следната алтернатива (Ерик Гарсија) има 18. Не знам што ќе се случи за три или четири месеци. И двајцата беа неверојатни вечерва. Нико покажа неверојатен карактер по она што се случи на претходниот натпревар. Ни треба друго решение – можеби Родри или Кајл Вокер – затоа што тие не можат да играат секој натпревар поради нивната возраст, - истакна предводникот на англискиот шампион.



Спонзорирани линкови

Маркетинг