Касемиро: Нема изговори, мора да…

Дерби

19/09/2019

11:28

679

Големина на фонт

а а а

Поранешниот европски шампион Реал Мадрид со пораз од ПСЖ од 3-0 ја започна новата сезона во Лигата на шампионите.

Овој резултат никој не го очекуваше во таборот на шпанскиот гигант, но уште позагрижувачки е фактот што Реал воопшто не успеа да го загрoзи, упати директен удар кон голот на доскорешниот нивен колега Кејлор Навас. Тренерот Зинедин Зидан не можеше да го сокрие разочарувањето од настапот на својата екипа, но и играчите признаа дека не можат да дозволат вакви изданија во иднина.

- Не игравме добро, ПСЖ имаше контрола на играта, ние знаевме дека е тешко овде да се игра. Тие се многу силни, имаат одлични играчи. Нема изговори, не игравме добро, ама има време за многу работи, да продолжиме да работиме, Има многу работи пред нас, - рече Касемиро и додаде:

- Секогаш се обидуваме да бидеме агресивни, но секако кога резултатот е 3-0 знаеме дека работите се позабележителни. Знаеме дека не може овде да се дојде до победа ако немате скоро совршен натпревар. Има многу време ова да се промени, - порача Бразиелцот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг