“Дивиот“ живот на филмската легенда - спиел со повеќе од 2.000 жени па потоа исчезнал од големите екрани

Точка

17/09/2019

14:01

2.677

Големина на фонт

а а а

Трикратниот оскаровец Џек Николсон многумина го сметаат за еден од најдобрите ако не и најдобар актер на својата генерација. За него некои луѓе сметаат дека засекогаш ќе остане најдобриот “Џокер“.

Како и да е, тој во својата долгогодишна кариера направил незаборавен број филмови со кои ги освојувал своите фанови и гледачите пред малите екрани.

Него фановите го обожуваат, а жените никогаш не можеле да му одолеат.

Жените го обожуваат, а мажите сакаат да бидат како него

На Џек Николсон му “ставале етикети“ дека тој е тип на маж каков што сите други мажи сакаат да бидат, а жените само сакаат да го однесат во кревет. Тоа се зборовите за еден од најголемите холивудски заводници, а приказните за него се поврзуваат и со алкохолните и сексуалните авантури.

Сепак пред неколку години почнале да се “продаваат“ приказни дека актерот се повлекол од својата кариера поради проблеми со помнењето иако Николсон тоа никогаш не го потврдил. Последната улога ја имаше во квалитетната романтична комедија “How Do You Know“, а неговиот пријател и колега, неодамна починатиот актер Питер Фонда, за весниците  некогаш изјавил дека Николсон се повлекол.


Семејната приказна е необична

Николсон е роден во Њу Јерси, 1937-та година, а неговата мајка Џун Николсон имала само 18 години кога го родила. Бидејќи не била омажена, нејзините родители се согласиле да го одгледуваат Џек како нивно сопствено дете. Актерот дури на свои 37 години, откако некој новинар ја истражувал неговата биографија, дознал дека жената која ја сметал за сестра всушност е негова мајка и дека неговата баба се претставувала како негова мајка.

Тоа било еден голем шок за актерот, но секогаш тврдел дека во семејството го одгледувале многу жени, а со тоа научил многу манири и сè она што жените го сакаат.


Жени, алкохол и дрога

Во однос на забавите Николсон секогаш бил “професионален“ и знаел често да каже: „Што се однесува до моето забавување, постои дисциплина. Никогаш не сум дозволил камерата да ме чека“.

Од друга страна пак, таа негова дисциплина му недостасувала во љубовните врски. Тој се венчал само еднаш и тоа со Сандра Најт во 1962-та година која му ја родила ќерката Џенифер. Сандра го напуштила по шест години, а најдолгата врска на актерот му била со актерката Анџелика Хјустон со која покрај многубројните прекинувања заедно останал цели 17 години.

Во секој случај за актерот се зборува дека спиел со повеќе од 2.000 жени, но со оглед на таа бројка сепак Џек бил многу внимателен и има само пет деца.


Љубов, живот или нешто слично...

Сепак изгледа дека Анџелика била неговата најголема љубов или пак била само најтрпеливата жена. Хјустон во својата биографија ги запишала големиот број неверства и понекогаш брутално осамени ситуации кои Николсон ѝ ги приредил. Иако и самата таа тврди дека никогаш не ѝ ветувал верност таа вели дека очекувала дека со него ќе влезе во брак и ќе му роди деца. Но, тоа не се случило.

Во меѓувреме имал деца со многубројни љубовници, таа наоѓала љубовни пораки, накит и облека од неговите љубовници и тоа го правел непрекинато, а една од најнепријатните ситуации се случила на филмскиот фестивал во Кан.

„Убавите Французинки доаѓаа на мотори и прашуваа дали може да одат со него. Секако дека него му се допаѓаше вниманието од жените кое го добиваше. Седна на моторот и ме остави на плочникот. Целата во солзи заминав во хотелот“ - се потсетила Хјустон.


Враќање на актерството?

Во едно интервју во 2010-та година Николсон изјавил дека повеќе не сака да биде женкар, но тоа не го спречило во доцните седумдесетти години да се обиде да ја заведе младата Џенифер: „Би сакал да имам уште една последна романса, но не верувам дека тоа ќе се случи. Не можам повеќе да им се додворувам на жените во јавност, тоа не им прилега на моите години“.

Во овие поодминати години неговото задоволство го наоѓа во голфот, колекција на уметнички слики и млеко.

„Никогаш не би се жалел на својот живот. Не дека не ми недостасува друштво“ - изјавил Николсон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk