Кога доаѓа крајот на летото, речиси сите се некако со иста мисла дека брзо поминало.
Но, славните Македонки на социјалните мрежи постојано ја поткреваат температурата, без оглед на годишното време.
Пејачката Елена Ристеска ова лето како да не сакаше многу да открива за тоа како ги поминува летните денови, па на својот Инстаграм профил најчесто објавуваше ретро летни фотографии, пред сè кога летуваше на грчкиот остров Миконос, кој ѝ е омилен.
Убавата пејачка сега се фотографираше во бел костим за капење и го покажа извајаното тело и длабоко деколте.
Имено, таа објави фотографија на која е легната и ужива во една луксузна вила во Грција, а глетката на нејзиното тело во бел костим за капење, предизвика воодушевување кај обожавателите и следбениците.