Медицинската сестра открива неверојатна вистина за Михаел Шумахер: „Можам да изјавам дека е во свесна состојба“

Супермен

13/09/2019

22:17

9.473

Големина на фонт

а а а

Седумкратниот светски шампион на Формула 1, Михаел Шумахер, во понеделникот бил примен во париската болница на “тајно лечење“.

Шумахер по шест години излегол од илегала по несреќата во која потешко се повреди на главата на 29-ти декември 2013-та година на скијање.

Шумахер, како што пренесуваат француските медиуми, прима третмани за добивање на матични ќелии во болницата „Жорж Понпида“ која е претворена во вистински бункер.

Списанието „Парисиен“ носи сензационални вести дека Шумахер е во свесна состојба.


Тоа за ова списание го изјавила неименувана медицинска сестра која се наоѓа на одделението каде што лежи овој популарен возач на Формула 1.

„Да, тој е под мој надзор. Можам да изјавам дека е во свесна состојба“ - ги пренесуваат медиумите нејзините зборови.

Медиумите пренесуваат дека Шумахер го оперирал професорот Филип Менаше, француски кардиохирург кој е познат по тоа што бил првиот кој направил трансплантација на ќелии на ембрион на пациент со срцева инсуфициеција во 2014-та година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk