Манчестер Јунајтед ова лето донесе само тројца нови фудбалери, а во јавноста се почесто излегуваат информации дека „ѓаволите“ преговарале со уште можни засилувања.
Вчера дојде потврда од Борусија Дортмунд дека Манчестер Јунајтед се распрашувал за Џејдон Санчо, а денес потврда за контакти со клубот од „Олд Трафорд“ даде и Ињаки Вилијамс.
Фудбалерот на Атлетик Билбао посочи дека контактирал со Манчестер Јунајтед, но негова примарна цел била да остане во неговиот клуб и таму да се пензионира.
– Имав контакти со Манчестер Јунајтед. Сепак, мој приоритет беше да останам во Атлетик и да се пензионирам овде, -истакна Ињаки кој веднаш по крајот на преодниот рок потпиша досега невиден, нов деветгодишен договор со Билбао.