Сочни детали од нејзиното минато и еден епитет - манипулаторка: Проговорела поранешната пријателка на Меган Маркл

Кармин

10/09/2019

15:06

4.227

Големина на фонт

а а а

Може да се каже дека војвотката од Сасекс овие денови е во центарот на разни скандали. Од тоа што сакаше да ги скара браќата па сè до фактот дека на финалето на УС Опен отишла без придружба на нејзиниот сопруг и син.

Сега се огласи и нејзината поранешна пријателка, водителката Лизи Кунди која Меган ја нарекла манипулаторка и додала дека “би можела да биде принцезата Дајана, но проблемот е што сè се врти околу неа“.

„Бевме добри пријателки, но ја видов нејзината друга страна откако стана дел од кралското семејство во 2018-та година. Меган се промени во девојка која манипулира за да го направи тоа што Меган сака“ - изјавила Кунди во една австралиска емисија.

Во истото интервју, водителката изјавила дека Меган пред да се омажи “сакала да се опива“.


„Не ни знаев дека е славна кога ја запознав. Мислев дека е супер забавна. Беше многу љубезна. Сакаше да се опива“ - вели таа.

Водителката исто така навела дека Меган отсекогаш сакала да има популарно момче.

„Кажа дека сака да има момче, славно момче и никогаш ниту во моите најлуди соништа не помислував дека ќе се омажи за Хари“ - тврди таа.

Поранешната пријателка смета дека војвотката сè уште има шанса да се смени.

„Би сакала Меган да биде идната принцеза Дајана и мислам дека сè уште може да биде. Дајана секогаш беше тука за сите останати и изгледа дека кај Меган поголемиот дел од времето се се врти околу неа“ - изјавила Лизи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk