Орландо Блум призна дека запросувањето на Кејти Пери не поминало како што се надевал

Кармин

07/09/2019

12:05

4.700

Големина на фонт

а а а

Прекинаа, па повторно се смирија, а потоа одлучија да се верат. Кејти Пери и Орландо Блум се еден од славните парови кои својот љубовен живот го држат далеку од очите на јавноста.

И покрај тоа, откако прекинаа, на почетокот на минатата година почнаа озборувањата дека на љубовта ѝ дале нова шанса, а тоа се откри со нивните објави на социјалните мрежи.


Но, својата врска ја потврдија дури неколку месеци подоцна. Тие после некое време и се верија, за Св. Ванентин, и тоа со неверојатно изненадување приредено од Орландо. Романитка не недосасувало, а Блум внимавал на секој детаљ, па така сè било украсено со црвени ружи и прстен во облик на цвет.

Иако нивните обожаватели биле убедени дека тоа поминало совршено, Орландо во разговор за Радио 2 открил дека и не било баш така. Имено, најмногу маки му задала кутијата во која бил прстенот.


„Не беше толку лошо, но никако не можев да го извадам прстенот од џеб. Имав претчувство дека тоа ќе се случи и му напоменав на момчето од кое го купив прстенот. Тој ми е добар пријател па го предупредив да внимава на големината на кутијата. Ми рече дека ќе биде во ред, но знаев. Беше преголема штом не можев да ја извадам од џебот“, рекол тој.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk