Прво ручек со Макрон: Трамп пристигнал на Самитот Г7, а успеал да направи проблем и поради француското вино

Точка

24/08/2019

16:44

5.606

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот француски колега Емануел Макрон ќе ручаат пред почетокот на самитот Г7 во францускиот град Бијариц, а се очекува да разговараат за зголемените трговски тензии меѓу двете земји.

Макрон, инаку домаќин на самитот, рекол дека со Трамп ќе разговараат и за кризите кои моментално се случуваат во светот, вклучувајќи ги и климатските промени, како и ситуацијата во Либија, Иран и Русија. 

Трамп смета дека со Макрон има "многу заеднички работи" и посебна врска

Додал дека верува дека многу работи ќе бидат постигнати за време на траењето на самитот Г7.

Од претседателството на Франција било потврдено дека двајцата лидери ќе се состанат пред хотелот "Пале" по доаѓањето на Трамп.

Трамп вчера се заканил дека ќе воведе тарифи на француското вино кое се увезува во САД, како одговор на данокот за дигитални служби кои ги вовел официјален Париз.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, порачал дека Европската унија подготвен одговор доколку Трамп одлучи да воведе тарифи на француското вино.




Спонзорирани линкови

Маркетинг