Морала да биде храбра поради својот син.
Американската актерка Селма Блер кон крајот на минатата година со јавноста ја сподели веста за нејзината болест. Веќе со години боледува од мултипла склероза, а најголемиот предизвик за неа било соочувањето со оваа болест, но поголемо соочување било со нејзиниот осумгодишен син Артур.
Свесна колку многу ќе влијае сето тоа на нејзиниот мал син неа не ѝ преостанувало ништо друго освен да биде храбра. Одлучила да не се предаде на болеста, а секој добар момент кога болеста “попушта“ го користи за да се забавува со Артур.
Таа од болничката соба неодамна споделила видео и напишала: „Малку глупирање од болничката соба за ова лето“ и им се заблагодарила на пријателите за инспиративниот подарок алудирајќи на периката со впечатлива розова боја.
„Мислев дека е доволно да ставиш ваква перика на главата за да изгледаш како Кајли Џенер“ – рекла актерката наводно разочарана од резултатот кој го видела во огледало и додала дека е ќелава до таа мера што ниту периката не може да ѝ помогне.