Некогашниот “убавец” добива нов живот со неверојатни спецификации

Супермен

23/08/2019

14:40

1.423

Големина на фонт

а а а

Брендот Austro Daimler го започна својот живот како подружница на компанијата која подоцна ќе стане Mercedes-Benz, а својот последен автомобил го направил во 1934 година.

Сега, оваа компанија одлучила да се врати на сцената со хибриден погонски склоп, погон на сите четири тркала и неверојатни спецификации. Прекрасниот автомобил, Bergmeister ADR 630 Shooting Grand користи мотор со шест цилиндри кој е дело на Mercedes-Benz, а доаѓа во комбинација со три електрични мотори со капацитет на батериите од 55 kWh, кои произведуваат по 270 коњски сили. 


Комбинираниот излез на овој модел изнесува 1.180 коњски сили, а со тежина од околу 1800 илограми, моделот од 0 до 100 км/ч. забрзува за само 2,5 секунди, додека максималната брзина изнесува 300 км/ч.

Возен само на електричен погон, автомобилот може да прејде 250 километри со едно полнење, додека комплетниот распон од 1000 километри може да биде постигнат во најекономичниот режим на возење. Екстериерот на овој модел е импресивен, исто како и неговите спецификации.




Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk