Тој е повторно најплатениот актер: “Постојано работи, неуморен е”

Супермен

23/08/2019

13:49

2.242

Големина на фонт

а а а

Двејн Џонсон познат како Рок повторно ја врати титулата на најплатен актер на светот, според новата класификација на магазинот Форбс, со 89,4 милиони долари заработени за 12 месеци.

Поранешниот играч на американски фудбал и борач кој подоцна станал актер, веќе еднаш се најде на највисокото место на оваа листа во 2016 година. 


Двејн Џонсон е повторно најплатен актер на светот во 2019 година, со заработка помеѓу 1-ви јуни 2018 и 1-ви јуни 2019 година, покажува новата листа на списанието.

47-годишниот актер кој воглавно глуми во акциони филмови, моментално е главна ѕвезда на новото продолжение од “Fast and Furious” со наслов “Hobbs & Shaw”, кое ја имаше својата премиера овој месец.

“Тој едноставно е најдобро платената ѕвезда во овој момент. Постојано работи, неуморен е”, изјавил Пол Дергарбедијан, аналитичар во “Comscore”.


На второто место на листата се најде Крис Хемсворт со заработени 76,4 милиони долари, а по него на третото место се наоѓа Роберт Дауни Џуниор со 66 милиони долари.

Во продолжение погледнете ја целосната листа според Форбс:

1. Двејн Џонсон (89,4 милиони долари)

2. Крис Хемсворт (76,4 милиони долари)

3. Роберт Дауни Џуниор (66 милиони долари)

4. Акшеј Кумар (65 милиони долари)

5. Џеки Чен (58 милиони долари)

6. Бредли Купер (57 милиони долари)

7. Адам Сендлер (57 милиони долари)

8. Крис Еванс (43,5 милиони долари)

9. Пол Рад (41 милион долари)

10. Вил Смит (35 милиони долари)


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk