Џон Бон Џови - човекот со големо срце: Отворил ресторани во кои луѓето кои немаат парични средства може да јадат бесплатно

Супермен

23/08/2019

10:45

861

Големина на фонт

а а а

Неговата цел е да ги прекине страдањата од сиромаштијата. Џон Бон Џови е популарен пејач, актер, политички активист и голем хуманитарец. Неодамна отворил два ресторани во кои луѓето кои се гладни и немаат пари можат да добијат бесплатен оброк.

„Сите се добредојдени за нас“.

„Soul Kitchen“ е името на непрофитната организација која ја основал Бон Џови. Таму не постојат ценовници. Тие кои се во можност може да остават 20 долари, додека пак оние кои немаат средства можат да јадат бесплатно, а подоцна можат да волонтираат во кујна. Според податоците 51 отсто од оброците се платени со донација, а останатите 49 отсто покриени се со доброволна работа.

Затоа мотото на овој ресторан е: „Сите сте добредојдени!“.

Бон Џови го обожува Њу Џерси

Првиот ваков ресторан отворен бил во октомври 2011-та година токму во Њу Џерси. Во овој град е роден Бон Џови. Вториот ресторан е отворен во 2016-та година во подрачјето кое настрадало од удари на урагани - Сенди.

„Нашата мисија отсекогаш беше да влијаеме позитивно на промените и да се занимаваме со прашањата за сиромаштијата и бездомништвото“ - изјавил пејачот.

„На нашето мени нема цени. Значи, доколку сте во можност вие може да учествувате во нашата работа: може да ги бришете масите, да миете садови или да работите во нашите градини“.

Резервациите не постојат, како што ќе дојде некој така си седнува, така што може да добиете место до странец што допринесува за топлата и природна атмосфера во ресторанот.

Во ресторанот секогаш има три главни јадења, подготвени од органски и хранливи состојки.

На менито главните јадења секогаш се инспирирани од американската кујна. Менито се менува на секои 10 дена. Првото јадење се состои од супа и салата. Главното јадење со бело или црвено месо или риба, но достапни се и вегетаријански порции. И на крајот има десерт.

Покрај ресторанот за бесплатни оброци, Фондацијата Џон Бон Џови изградила и домови за бездомници.

Оваа фондација која ја основале пејачот и неговата сопруга има јасна порака: Да се прекине страдањето од сиромаштијата и бездомништвото и тоа со развој на партнерства, креирање програми, обезбедување неповратни средства за поддршка на иновативни социјални организации.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk