Најжешката провалничка на светот е Хрватка: Сексапилната Моник за една ноќ ограбила четири локали

Супермен

22/08/2019

15:20

7.421

Големина на фонт

а а а

Австралијанката Моник Агостино (23) и “Инстаграм модел“ со хрватски корени во вторникот сама се бранела на суд во Сиднеј каде што била обвинета за серија грабежи.

Судот го одбил и барањето за кауција.

Минатата година австралиската полиција во Сиднеј сопрела автомобил “Мицубуши ланцер“ кој го возела Моник Агостино. На полицајците сомнително им било длетото кое се наоѓало во автомобилот како и три мобилни телефони од кои на едниот пишувало „Во сопственост на фирмата Линфокс“.

Откако ја привеле Моник, полицијата спровела истрага и врз таа основа Моник Агостино била обвинета за неколку кражби.


Тоа би можело да биде уште една класична приказна за некоја “ситна кражба“, но на крајот се воспоставило дека Моник Агостино е всушност Инстаграм модел на која на социјалната мрежа ја следат речиси осум илјади луѓе.

На профилот кој сега е заклучен таа се претставува како “горда мајка“, “Хрватка/Австралијанка“, “ловец на таленти“.

Поради својата многу кратка, но впечатлива биографија, Агостино ја забележале и голем број на светските медиуми.


„Дејли Маил“ исто така пишуваат дека Агостино е самохрана мајка, а австралискиот портал „Aussie Celebs“ дека е родена во Австралија, но дека има хрватски корени.

Во само една година, на почетокот на месец ноември 2018-та година таа провалила во четири локали. Освен телефони, во еден од локалите украдила околу 300 австралиски долари (184 евра) и кредитни картички.


По напорната ноќ кредитната картичка ја искористила за оброк во вредност од 11.55 австралиски долари.

Моник Агостино пред судот изјавила дека не се чувствува виновно.




Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk