Бројот на пожари во амазонската прашума пораснал за 83 отсто во однос на минатата година

Точка

21/08/2019

21:11

1.554

Големина на фонт

а а а

Бразилската вселенска агенција соопштила дека бројот на пожари во Амазонија е зголемен за 83 проценти во однос на минатата година, како резултат на сечење на шумите.

Прашумата во бразилскиот дел на Амазон годинава е погодена од рекорден број пожари, покажуваат податоците на државната агенција за вселенски истражувања.

Институтот ги објавил податоците собрани преку сателит, една недела откако претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, го отпуштил раководителот на институцијата поради објавување на податоците за уништувањето на шумите, пренесува BBC.

Пожарите предизвикаа и затемнување на Сао Паоло. Дневната темнина, која траела околу еден час, дошла откако силните ветрови донеле чад од сојузните држави Амазонас и Рондонија кои се на повеќе од 2.700 километри оддалеченост од Сао Паоло.


Најголемата дождовна шума во светот, Амазонија, е клучна во борбата против глобалното затоплување. 

Податоците од Националниот институт за вселенски истражувања покажуваат дека повеќе од 72.000 пожари гореле меѓу јануари и август годинава во бразилскиот дел на Амазонија.

Ова е најголем број на регистрирани пожари откако започнаа мерењата во 2013-та година.

Институтот соопштил и дека повеќе од 9.500 пожари биле пријавени од минатиот четврток, претежно во Амазонија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг