Заборавете на теретана! - Сексот ги ублажува болките, го намалува стресот, ја зголемува концентрацијата...

Точка

21/08/2019

20:15

2.415

Големина на фонт

а а а

Сексот не прави само да се чувствуваме подобро туку тој е добар и по нашето здравје. Предностите на активниот сексуален живот за многумина претставуваат уживање во спалната соба.

Сексот ги ублажува болките, го намалува стресот, ја подигнува самодовербата, го зајакнува имунитетот, ја зголемува кондицијата... Освен што ќе ви помогне да спиете добро, ќе ви го намали и стресот и телесната тежина па затоа после сексот ќе посакате уште повеќе секс.  

Го подобрува здравјето на крвните садови

Мажите кои имаат сексуални односи повеќе од двапати неделно имаат помала шанса да добијат срцев удар отколку мажите кои имаат сексуални односи еднаш месечно. Тоа се резултати од голем број истражувања.

Ги ублажува болките

Кога доживувате оргазам доаѓа до ослободување на ендофрин, хормонот на среќа кој помага за намалување и отстранување на болките.


Го зајакнува имунитетот

Редовното водење љубов во телото го зголемува нивото на антителото имуноглобуолин А кој го зајакнува организмот, а поради тоа тој полесно се бори со грип и настинка.

Го намалува стресот

Луѓето кои редовно практикуваат стрес полесно можат да се справат со стресот и посреќни се од останатите луѓе, докажуваат разните истражувања.

Ве прави да изгледате помлади

Во текот на оргазмот доаѓа до испуштање на хормонот DHEA, кој го подобрува имунитетот и ги обновува ткивата, а со самото тоа вашата кожа ја прави да изгледа поздрава.

Ја подобрува циркулацијата

Во текот на сексот отчукувањето на срцето се зголемува, а поради тоа органите и ќелиите добиваат свежа крв. На тој начин искористената крв и работите кои ве прават да се чувствувате изморено излегуваат од вашето тело.


Ја подобрува физичката кондиција

За триесет минути сексуален однос вие трошите околу осумдесет калории.

Го зголемува нивото на естроген и тестостерон

Тестостеронот е причината поради која мажите се добри во кревет, ги подобрува коските и мускулите, а тоа го штити вашето срце. Естрогенот жените ги штити од болести на срцето и го одредува нивниот мирис.




Спонзорирани линкови

Маркетинг