Овој град нуди милион евра за доказ за своето непостоење

Точка

21/08/2019

17:06

1.543

Големина на фонт

а а а

За германскиот град Билефелд, одамна постои теорија на заговор која тврди дека тој град всушност не постои. Германските власти нудат голема награда за оној кој ќе ја докаже таа теорија.

Официјални претставници од Билефелд денеска изјавиле дека ќе му дадат милион евра на оној кој ќе изнесе цврсти докази за непостоење на градот.

Тие навеле дека „нема ограничување на креативноста“ на учесникот на овој конкурс, но дека за наградата ќе бидат земани предвид само непобитни докази. Идејата да не постои Билефелд, прв ја изнел компјутерскиот експерт Аким Хелд, кој во обид да ги сруши теориите на заговор, го објавил ова сатирично тврдење во 1994-та година.


Дури и германската канцеларка Ангела Меркел еднаш низ шега во сомнеж зборувала за постоењето на Билефелд, градот кој наводно се наоѓа на околу 300 километри западно од Берлин. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг