Овој народен лек моментално ја лекува главоболката и мигрената: Делува побрзо од било која таблета

Точка

21/08/2019

15:46

2.515

Големина на фонт

а а а

Луѓето кои патат од мигрена знаат дека тоа е ужасна болка од која, фактички, не можете да се избавите.

Меѓутоа, клучниот збор тука е “фактички”. Мигрената може да ви го расипе денот, а што е уште полошо, не секогаш можете да ја победите со помош на лекови против болка. 

Но, што да правите во ваквите случаи? Малкумина знаат дека постои метода која им помага практично на сите луѓе. Станува збор за метода од традиционалната и народната медицина која во денешно време е повеќе критикувана отколку што е поддржана. На вас оставаме да одлучите, но ништо не ве чини да го испробате овој рецепт.

Сè што ви е потребно е сол и лимонов сок.


Идеално е солта да биде со висок квалитет. Најдобро е да користите хималајска кристална сол бидејќи изобилува со минерали. Ваквата сол содржи 84 елементи, што е повеќе од добро, ако се земе предвид дека науката познава 118 елементи.

Солта може да ја елиминира главоболката, а освен тоа го зголемува нивото на серотонин во крвта, го зајакнува нервниот систем и го нормализира кисело-алкалниот баланс во организмот.

Она што треба да го направите е да исцедите 2 лимони во една чаша и во него да додадете 2 кафени лажички сол. Промешајте, префрлете ја смесата во поголем сад и во него додадете 200 милилитри вода. Измешајте го напитокот и испијте го во еден здив. Признаваме, вкусот не е баш најпријатен, но овој напиток делува моментално. За само неколку минути ќе почувствувате големо олеснување, а болката постепено ќе започне да се намалува.

Напитокот не се препорачува за лица со висок крвен притисок.



Спонзорирани линкови

Маркетинг