Албанец брутално нападна туристи, па сега се огласи и Еди Рама: Нè посрамоти!

Точка

21/08/2019

15:06

5.228

Големина на фонт

а а а

Видео снимката на која се гледа како бесниот сопственик на ресторан во Албанија ги напаѓа шпанските туристи и ја крши шофершајбната на нивниот автомобил стана вирална, по што се огласи и албанскиот премиер.

Инцидентот се случил минатата недела на југот на Албанија, а на видео снимката направена од автомобилот кој го изнајмиле шпанските туристи, може да се види како сопственикот на ресторанот ја крши шофершајбната и се обидува да се пресмета со нив.

Шпанските медиуми пренесуваат дека во автомобилот бил Еугенио Галдон и неговото семејство. Тие наводно го напуштиле ресторанот во кој што ручале, затоа што сопственикот станал премногу агресивен.

После инцидентот, албанскиот министер за туризам ги прими шпанските туристи и им се извини, а сега се огласи и премиерот Еди Рама кој порача дека агресивниот Албанец кој ги нападна туристите ќе биде казнет.

„Насилникот кој ги нападна нашите шпански пријатели го прекрши светиот код на албанската гостопримливост, нè посрамоти сите. Им се извинивме на шпанските туристи и тие ќе дојдат овде пак“, порача албанскиот премиер Еди Рама.



Спонзорирани линкови

Маркетинг