Џеред Лето ги покажал бруталните стомачни мускули: “Сега морам да одам во теретана! Оди по ѓаволите!”

Супермен

19/08/2019

12:51

1.814

Големина на фонт

а а а

47-годишниот актер Џеред Лето е во многу подобра форма од многу помлади мажи од него.

Тоа неодамна го докажал, објавувајќи видео во кое, на општо изненадување на обожавателите, ја подигнал маицата и ги снимил неверојатните стомачни мускули.

“Сега одам во теретана! Оди по ѓаволите, Џеред”, му порачал комичарот Дереј Дејвис под видеото кое брои повеќе од 2,8 милиони прегледи.

Лето е познат по драстичните трансформации на телото за секоја филмска улога. Тој во 2007 година, за потребите на ликот Марк Давид Чепман за филмот “Chapter 27” се здебелил повеќе од 30 килограми, а во 2013 година морал драстично да ослабне за “Dallas Buyers Club”, па се “ослободил” од 15 килограми.


Освен ризичните диети на кои се подложува поради работата, приватно следи веганска исхрана и не пие алкохол. Тврди дека со тоа ја одржува формата, а сака да пешачи, да вози велосипед и да вежба јога.

Но, сигурно е дека ваквите брутални стомачни мускули им ги должи и на тренинзите кои ги изведува во теретана.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk