Не прикажува пропелер, туку нешто друго: Што се крие зад логото на BMW?

Супермен

19/08/2019

11:55

3.893

Големина на фонт

а а а

Поминаа малку повеќе од 100 години од моментот кога првиот BMW модел го виде светлото на денот, а компанијата стана произведувач на најдобрите автомобили на светот.

Историјата на компанијата датира од произведувачот на мотори за авиони под името “Rapp Motorenwerke” кој во 1913 година го оформил Карл Рап. Поради оваа историја, многумина сметаат дека логото на BMW оддава почест на своето аеронаутичко минато, но вистината е потполно поинаква. 

Името BMW - Bayerische Motoren Werke или Bavarian Motor Works постои од 1917 година кога гореспоменатиот произведувач на авиони го променил своето име. Во тоа време, побарувачката за квалитетни мотори за авиони за воени цели била огромна и довела до забрзано ширење на фабрики и индустриски ресурси. Во тоа време не постоело официјално BMW лого, туку технологија за правење на мотори за други намени како автомобили, чамци и мотоцикли.


Судејќи по Фред Јакобс, директорот на архивата на BMW, логото и неговото значење не биле во фокусот на раните денови на постоењето на компанијата. BMW тогаш едноставно не бил присутен во свеста на луѓето.

Кон крајот на 1917 година, компанијата го добила своето прво лого кое имало многу сличности со амблемот на Rapp – надворешниот круг сега бил заокружен со две златни линии и го носел името BMW. Државните бои на Баварија, сината и белата боја, се сместени во обратен редослед. Причината за ова било што законите кои се однесувале на авторските права забранувале употреба на државни обележја и други симболи на комерцијални знакови.

Како се појавил митот за пропелерот?

Неколку реклами ги прикажувале буквите BMW на пропелерите од авионите, и тие реклами не промовирале само мотори, туку претставувале и корени и експертиза во правење на тие мотори.


“BMW долго време не вложил труд да ја открие вистината позади митот дека логото е пропелер”, изјавил Јакобс.

Поради сето тоа, луѓето имале погрешно верување што претставува логото на автомобилскиот гигант, но сега таа заблуда е конечно исправена.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk