Скопјани не престануваат да пишуваат за оваа емотивна, а случајна приказна: „Стоеше половина час за чичко Јован да се потпира на него дур стигне Брзата помош“

Точка

16/08/2019

22:16

11.481

Големина на фонт

а а а

Денеска на социјалните мрежи постојано се споделува објава на една Фејсбук корисничка која јавно го побара „херојот на денот“.

Имено, вчеравечер покрај кејот на реката Вардар, чичко Јован, како што се вели и во објавата, паднал додека бил на прошетка. Чичко Јован се повредил, но и покрај потешкотиите во движењето поради скршениот колк, успеал да стане.

Тој имал среќа што случајно налетал на Бојан Трајковски, полицаец кој во моментот не бил на должност, но застанал и му помогнал додека не пристигнала Брза помош.

Утрово, Фејсбук корисниците преку споделување на споменатата објава успеаја да го најдат овој денешен херој, кој на сите нѝ покажа дека не се потребни медиуми и вклучени камери околу нас, за да помогнеме на некој кој првпат во животот го гледаме.

„Респект до лицата што останале пред сè луѓе“, „Бојан е златно дете и пример да биде за сите млади генерации и хумано момче“, „Браво за Бојан, полицаец за пример“, се само дел од коментарите од воодушевените граѓани.

Ајде, да му покажеме на светот дека ова мало парче земја има ЛУЃЕ!

Ц.Н.




Спонзорирани линкови

Маркетинг