Поранешната порно ѕвезда открила колку заработила од порно филмовите, фановите не веруваат во износот

Супермен

15/08/2019

10:16

6.529

Големина на фонт

а а а

Поранешната порно ѕвезда Миа Калифа тврди дека заработила само 12 илјади долари додека работела во порно индустријата.

Обраќајќи им се на фановите на Твитер, Миа открила колку заработила пред да ја напушти кариерата како порно актерка пред 4 години. 

“Луѓето мислат дека сум заработила милиони од порно филмови. Заработив вкупно околу 12 илјади долари и повеќе не видов ниту еден цент”, напишала Калифа и додала дека “ѝ е тешко да пронајде нормална работа по напуштањето на порно индустријата”.

Миа Калифа важи за една од најпознатите порно ѕвезди, и покрај тоа што работела само три месеци. Таа изјавила дека пресвртот во нејзината кариера се случил кога почнала да добива смртни закани поради снимање на порно сцени додека носи хиџаб.

Како што објаснила таа, никогаш не ѝ биле ветени милиони ниту па таа ги очекувала.

“Само сакав да објаснам неколку заблуди за себе, но и за порно индустријата”, истакнала Миа. Поранешната порно актерка додала и дека “кратко време снимала порно филмови, но тие се прошириле како шумски пожар”.

“Сè уште сум многу високо рангирана, иако ја напуштив професијата пред 4 години. Поради тоа луѓето мислат дека и понатаму снимам филмови за возрасни”, изјавила Калифа, а откако открила колку заработила, голем дел од нејзините фанови помислиле дека цифрата не е точна.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk